Се‘ почесто гледаме родители кои своите бебиња ги носат на себе, удобно сместени во различни видови на носилки. Овој начин на носење станува се попопуларен и тоа со причина: овие меки носилки (носилки направени од ткаенина во кои бебето е сместено во природна положба, исто како кога би го држеле во раце) се покажале како едноставно, практично средство на вклучување на детето во сите аспекти на живот уште од најрана возраст.
Иако носењето е стара пракса, истражувањата во последните педесеттина години ја потврдуваат мудроста на оваа традиција. Направените студии покажуваат дека социјалниот, емоционалниот и физички развој на детето се под значајно влијание на движењето и директниот контакт, и тоа уште од првиот ден.
Полека, се почесто слушаме за вредноста на поврзано родителство (Attachment Parenting), континиум-концептот и други пристапи кон родителството кои ја нагласуваат важноста од воспоставување и одржување на блиска, постојана врска со бебето.
Ова потенцирање на контакт и нега е во потполна спротивност со (пре)често повторуваниот мит „ако го подигнеш, ќе го разгалиш..." кој што е измислен пред некои 100 години, за жал и денес многу присутен.
Меѓутоа, истражувањата укажуваат на многуте предности и користа што детето ја добива преку чест физички контакт - со едноставно носење в раце или со помош на различни видови меки носилки. Носењето на дете, како стил на родителство, подразбира носење во тек на поголем дел од денот. Освен практичноста за самиот тој што носи (а тоа е најчесто мајката или таткото) и толку очигледниот придонес кон поврзувањето, користа од редовното носење е и : помалку плачење и помалку грчеви, побрзо учење, односно подобар социјален и подобар моторички развој.
Многу е лесно уочливо како поврзаноста и емотивната сигурност се олеснети со носење на детето. Блискоста која се добива преку носењето овозможува развој на на интимна врска помеѓу детето и тој што го носи. Како и во сите односи, така и поминувањето на времето во меѓусебна близина и меѓусебно ускладување, придонесува да се продлабочи разбирањето и комуникацијата помеѓу две суштества. Исто се случува и при носење на детето. Родителите и децата кои редовно практицирале ваков однос, меѓусебно добро се познаваат.Ова е нешто што родителите често го спомнуваат.
Воспоставување на цврста врска помеѓу родителите и носеното дете станува темел за изградба на цврст однос помеѓу нив, но исто така дава и многу други бенефити. Голем броја татковци кои ги носат своите деца, приметуваат дека токму носењето им овозможува чувство на поинтензивна вклученост во грижата на детето и изгледа дека татковците нарочито уживаат во интимната близина на своето носено дете.
Родителите кои редовно ги носат своите деца уште од раѓање тврдат дека грчевите воглавном се спречени, а плачењето сведено на најмала можна мерка. Превенцијата на грчевите е поврзана и со преминувањето на бебето од мајчината утроба во самостоен живот. Носењето овозможува новороденчето да ги чувствува трите познати елементи: чукањето на срцето, движење и блискост. Ваквото познато опкружување (кое го потсетува на мајчината утроба) му помага да се прилагоди на големиот, нов свет, обезбедувајќи му постојано место на сигурност, утеха и заштита.
Децата кои се носени постојано, од новороденче па понатаму, многу бргу носењето и носилката ќе ги сфатат како место на сигурност, па така брзо и ќе се смират кога се во неа. Ова чувство на потполна сигурност и предвидливост ќе му помогне поопуштено да се прилагоди на новиот живот, но исто така ќе им помогне и на родителите. Еднаш кога оваа сигурност ќе биде изградена, детето ќе почне да го истражува светот околу себе со многу самодоверба.
Родителите кои практицираат носење на детето, велат дека тоа не плаче многу. Физичката блискост му овозможува на родителот брзо запознавање, препознавање и реагирање на комуникациските сигнали на бебето кои му претходат на плачењето (Тие брзо ги препознаваат сигналите на глад, или пак потреба за промена на пелената, или претстојната раздразливост).
Има две значајни користи од ускладување со неговите комуникациски сигнали (комуникација без плачење). Како прво, едно задоволно бебе им помага на родителите да добијат самодоверба во сопствените родителски способности, па така многу родители кои практицираат носење велат дека да се биде родител е многу полесно отколку што мислеле. Како второ, носењето совршено одговара на начинот на кои бебињата се учат на доверба: дека неговите потреби секогаш ќе бидат разбрани и задоволени без непотребни фрустрации и протести.
Носените бебиња поминуваат многу повеќе време во состојба на „тивка будност", која е оптимална за учење. Како резултат на тоа, кај носените бебиња е многу понапредна визуелната будност и свест за околината.
Носењето овозможува изложување на детето на многу искуства од сигурна позиција. Додека тој што го носи ги извршува своите обврски дома или е надвор, детето е во можност да ги впива сите тие различни искуства.
Доживувањата на овие деца е во потполна спротивност со оние деца кои се оставени во креветче или оградичка, одделени од секакво случување. Децата кои се носени од ќе станат многу поприлагодливи, бидејќи биле изложени на опкружување чиј што активен член ќе станат и тие наскоро.
Сите родители сакаат на своето дете да му дадат најдобар можен почеток на живот. Носењето е природен начин на детето да му пружат заштитено, но истовремено и потикнувачко опкружување.
Некои родители се загрижени дека ако детето се носи тоа нема никогаш самостојно да научи да ползи или оди. Тоа едноставно не е точно. Децата кои што се спремни да ползат или одат многу јасно ќе го покажат тоа.
Овде повторно доаѓа до израз една од многуте користи од носењето: движењето. Носеното дете учествува во секое движење и така го развива осетот за рамнотежа, односно подобро може да ја контролира главата, вратот и др. мускули.
Без оглед колку е носењето вклучено во родителскиот стил, тоа ќе му користи. Човечкиот род има биолошка потреба за продолжен и чест контакт и движење. Како и доењето, така и носењето се враќа во полн сјај, а многубројните истражувања и студии ги откриваат неговите предности и многубројни бенефити.
Извор: TheBabywearer.com