Цена: 1200 ден.
Должина 32 цм
Килибарното герданче ги намалува болките кога никнуваат запчиња, исто така го зајакнува имунитетот
Без гелови, лекови и без непријатности!
Тие се комплетно природно, традиционално средство за полесно избивање на запчињата, без било какви странични штетни ефекти.
Специјално дизајнирани за бебиња, рачно изработени од 100% природен балтички килибар. Топчињата се лесни, округлести (неправилен облик), без остри површини. Од сигурносни причини меѓу секое топче има чвор, па во случај на кинење би испаднало само едно топче. Конецот на кој што се нанижани е цврст, во боја спрема килибарот. Закопчувањето е со навој, што овозможува герданчето да се откопча во случај на сила.
Од кога може да се носи?
Од 3 месеци па понатака, односно од кога ќе почнат проблемите со запчињата.
Што е Балтички килибар?
Тоа значи дека потекнува од Балтик (регион околу Балтичкото Море). Килибарот е фосилизирана смола од иглолисни дрва, стара повеќе од 50 милиони години. Тој е лесен и топол на допир, а бојата варира од светла до темнa. Често во него може да се видат меурчиња воздух и честички од органски материи.
Како делува?
Балтичкиот килибар има лековити својства, тој е природен аналгетик и кога се носи директно на кожа, под дејство на топлината на телото, од него се ослободуваат лековити уља (кои содржат Succinic Acid). Тоа делува смирувачки на бебето кога му растат запчињата, а ги ублажува и пропратните непријатности како лигавењето, зацрвенети обравчиња, губење на апетит, пролив, покачена температура. Килибарот генерално го јакне имунитетот.
Во балтичките земји килибарот за оваа намена се користел со векови наназад. Научните испитувања потврдуваат дека сукцинатната киселина има позитивно влијание и дека го зголемува имунитетот. Балтичкиот килибар содржи најголем процент (3-8%) на сукцинатна киселина што може да се најде во природата и тоа е она што го прави да биде посебен и ценет.
Мерки на претпазливост: Бебето треба да биде под надзор кога го носи герданот. Тие се носат директно на кожа, НЕ се за џвакање ! Килибарот не е токсичен, но под притисок може да се оштети. Ноќе треба да се извади (може да му го ставите околу глуждот на нога). Исто, треба да се вади и при бањање.
Килибарот треба да се чисти 1-2 пати месечно под млаз вода неколку минути и да се изложи на утринско сонце 1-2 часа за да се наполни со енергија. Во периоди кога нема сонце, исушете го со мека крпа.
Килибарното герданче е прекрасен подарок за новороденче, крштевка или прв роденден.
Одговараат и за машки и за девојчиња!
Мислења од тие што купиле, земени од Фејсбук страната на Бебе Слинг
Moram da priznaam deka kilibarnite gerdancinja se super i imaat efekt definitivno a i cenata vi e odlicna poz..
Сања Пајо (06.05.2011)
за Бетче В. герданчето го користиме од 3 месец а сега веќе сме 10 месеци и во текот на овие поминати месеци ја видов големата корист од герданчето без лиги, без нервози , без температури и ред други работи кои ги имаат малите дечиња... си ги извадивме забчињата многу лесно ...слободно да си земите нема да зажалите поздрав :)))
Елизабета Бурлијовска-Теохарев (03.04. 2011)