

Цена: 9200 ден.
Панелот на носилката може да се зголемува или намалува и по ширина и по висина. Така носилката расте со вашето бебе: може да се користи за носење на бебе од 3,5 кг до поголем тодлер од 20 кг
Ширината на панелот лесно се подесува од внатрешната страна на појасот, а се прицврстува со чичак трака
Ширината на панелот зависи од тежината - секогаш оди од позади едно коленце до друго и обезбедува правилна М положба на ноџињата
Висината на панелот се подесува со помош на ремчиња што овозможува носење и на мало бебе, нема потреба од перниче
Панелотот може додатно да се прошири со помош на продолжувачи, за поголема удобност на детето
Опис:
- Се користи за бебе и деца од 3,5 - 20 кг (базата на панелот се стеснува да одговара за бебе од 3,5 кг)
-
Подесив панел по ширина од 20-53 цм, во висина од 30-40 цм (така ќе одговара и за новороденче и за поголемо дете)
-
PFA's (Perfect Fit Adjusters) со нив прерамките се подесуваат спрема вашето тело
- Прерамките може да се носат и прекрстени позади на грб
- Структуриран, удобен појас кој се подесува од 63-147 цм
- Лесно се модифицира од носилка за помалото до носилка за поголемото дете
- Делот околу ноџињата е фатиран
- Клизечка попречна тракичка која ги држи прерамките, а се подесува во висина каде највеќе ви одговара
- Вкупно 3 џеба од кои 2 со патент - за мобилен, паричник и сл.
- Капа која лесно се става и вади - служи како потпора на главчето кај новороденче, исто така за заштита од ветер, дожд, сонце
- Копчи за придржување на ташната на рамо или да се закачи омилената играчка
- Цертифициран од страна на Hip Dysplasia Institute
- Може да се пере и во машина, на програма со мал број обрти. Претходно закопчајте ги сите копчи. Може да ја ставите во мрежа за перење или јастучница. Сушете ја закачена, НЕ во сушара
30.04.2020 11:47:27