ISARA V3 стандард
 

Цена: 7700 ден. 6900 ден.

ISARA V3 Standard е ергономска носилка со панел кој се подесува во ширина и висина, па така секогаш обезбедува оптимална положба на  бебето/детето. Со неа може да го носите бебето почнувајќи од  1 месец па до  4 години (од 4 кг до 20 кг).
Панелот може да се подесува во висина од 31 цм до 45 цм, симетрично од двете страни или асиметрично. Кога е подигнат обезбедува  потпора на главата, што е особено важно кога бебето е мало или кога ќе заспие. Исто така, панелот овозможува дискретно доење. Кога детето е поголемо и не сака рацете да му бидат внатре, панелот се снижува.

Базата може да се зголемува од 26 цм до 38 цм - милиметар по милиметар, точно толку колку што е потребно за да бебето биде во оптималната  положба на жапче (М-положба) која подразбира потпора од едно коленце до друго, свиткани и поставени повисоко во однос на газето.

Ова е многу важно бидејќи овозможува да се носи  и мало бебе од 1 месец, без да има потреба од уметок или перниче.

Панелот е мек и убаво се прилагодува спрема телото на бебето давајќи му целосна потпора на грбчето.

Положби на носење: Напред со паралелни или вкрстени прерамки, бочно и на грб, бебето е секогаш свртено кон вас

Други карактеристики  кои обезбедуваат  удобност и сигурност

Прерамките се широки и удобни  

Делот кај ноџињата  е потполнет и мек за поголема удобност

Појасниот дел е широк и појачан со мемори пена за поголема удобност

Капа која се подесува и вади

Копчите не одат директно на кожа

Еластични траки за додатна сигурност

Материјалот е 100% органски памук, GOTS Certified, добар и за во лето и зима

Дизајнирана е и произведена  во Романија

Целосно во согласност со Европски стандард EN 13209-2:2014 и ASTM International Standards F2236-14

Одржување: Перете ја само ако е неопходно. Доколку има дамки, исперете ги само нив со сапун и млака вода и оставете да се исуши. Кога ќе ја перете во машина користете благ детергент и програма со мал број обрти, на температура до 30 степени.  Претходно закопчајте ги сите копчи. Може да ја ставите во јастучница и така да ја перете.  НЕ користете омекнувач, НЕ ја сушете во сушара!

Упатства за местење видете ТУКА

 

 

 

30.05.2018 23:43:28