Гердани со охеклани дрвени топчиња
 

Гердани со дрвени топчиња охеклани со памучен конец, во живи бои кои ќе го привлечат вниманието на бебето додека цица или пие од флашичка, а сигурно дека ќе биде и најомилената играчка додека е во раце или во марама/ носилка!

Изработени се од природни материјали - дрвени топчиња премачкани со кокосово масло и 100% памучен конец.

Различните бои  го привлекуваат вниманието на бебето, а различните текстури го стимулираат да ги испитува и да си игра со топчињата.

Бебињата некаде од 3 месеци почнуваат да ги истражуваат работите што се во нивен дофат, а кога е во мајчината прегратка најчесто тоа е нејзината  коса, нос, ланче и сл.  Тоа е често незгодно, во некои случаи и  небезбедно.

Со герданот тоа се одбегнува.

Се врзува со чвор, така што е безбеден за играње и гризење.

Истовремено е и украс, парче накит за мајката да се чувствува убаво. Се прави да биде различна должина, па ќе одговара за сите блузи или маички со различно деколте.

Одржување: Се пере рачно, сушете на рамна подлога. Не ги оставајте да киснат долго време во вода.

 

 

 

 

26.02.2015 15:20:27