Boba Classic 4gs


Цена: 6500 ден.
За возраст од 0-4 г. (од 3,5 кг-20 кг)
Состав: 100% памук
Положби на носење: Напред свртено кон вас и позади на грб
Производител: Boba, САД

Обезбедува  М-положба на ноџињата која е добра за оптимален развој на бебето. Мекиот панел дава убава потпора на грбчето. Boba 4gs е удобна и добра и за бебето и за тој што носи!

Појасниот дел и прерамките се екстра појачани, што овозможува удобно носење дури и на потешки деца.

Boba 4 gs има компактно перниче,  кое може да се мести во 2 позиции: за новороденче од 3,5 до 4,5 кг и од 4,5 до 7 кг (видете ги сликите подолу). Кога бебето ќе има 7 кг,  повеќе нема потреба од него и тоа се вади.

Лесно се монтира и подесува спрема телото, обезбедува убава прегратка и директен контакт со бебето.

Направена е од квалитетен 100% памучен материјал, убави дезени.
 

Додатоци:

- Капа за спиење која може да се вади (служи да го држи главчето на бебето кога ќе заспие), исто и како заштита од ветер, дожд, сонце, како и прекривка при доење

- Вкупно 3 џеба, од кои еден со патент за да ставите мобилен, паричник ....

- Трака на прерамките која спречува вашата торба да отклизне, како и да закачите играчка

За носење: од 3,5 кг до 20 кг

Се подесува за обем на струк од 63 до 147 цм
Прерамките се подесуваат од 50 до 101 цм

Лесна е и компактна, секогаш при рака кога ќе ви затреба!

Употреба на перничето за тежина на бебето до 7 кг

 

Положби на носење: напред и позади на грб. Тежиштето на бебето паѓа секогаш кон вас!

Погледнете ги Упатствата за местење тука

Одржување: Се препорачува да се одбегнува често перење, т.е. по потреба да ги исперете само  тие места каде што треба, со благ детергент или сапун. Може да се пере во машина со ладна вода, на програм за осетливи работи или рачно перење. Преходно закопчајте ги сите копчи, може да ја ставете во јастучница. НЕ користете омекнувач, сушете закачена на јаже, НЕ во машина за сушење!

 

 

 

26.03.2021 10:38:58