Little Frog

Со Little Frog слинг марамата може да го носите бебето уште од новороденче па понатака, секогаш кога има потреба - обично до 3 години. Овозможува идеална положба и максимално се прилагодува спрема телото на детето.  Таа е едноставна и лесна за користење.

Слинг марамите важат за најуниверзални и најбрзи за местење! Потребно е само неколку секунди да го ставите слингот на себе и  да го наместите детето напред, на страна или на грб, зависно од возраста и како најмногу ви одговара на двајцата.

Слингот се носи преку едното рамо, а тежината е распоредена дијагонално преку цел грб.

Материјалот е  100% памучен, ткаен, нетоксичен и безбеден за кожата на бебето ( Eco-Tex Standаrd  100). Ткаењето е дијагонално, кое обезбедува одлична потпора на детето и удобна прегратка.

Алките се 100% алуминиум, лесни и без спој, специјално направени и aтестирани  за носење на деца во слинг.

Зафаќа малку место, може секогаш да ја носите со себе во торба да ви биде при рака.

Овозможува дискретно доење - опашката напред служи како прекривка! Со неа исто така може да го заштитите бебето од сонце, ветер или слаб дожд.

Цена: 3200 ден.

Одберете од следните дезени (кликнете на сликата за поголема)

 

Little Frog марамата е долга 2 м и широка 0,70 м - лесно се прилагодува спрема висината и телото на тој што носи.

Упатство за одржување: Може да ја перете и во машина, на програма за осетливи работи, до 40 степени. Ставете ја во мрежичка за перење или врзете чорап преку алките.

НЕ користете омекнувач! НЕ ја сушите во сушара.

Погледнете ги Упатствата за местење тука

 

 

 

 

 

04.07.2018 10:50:31