0-6 м. 6-12 м. 12-18 м. 18-24 м.
Цена: 1250 ден.
2-3 г, 3-4 г, 4-5 год. 1400 ден.
Направени се од мека, квалитетна природна кожа, која овозможува здрави услови за стапалата во развој. Кожата "дише" и ја абсорбира потта од стапалата летно време, а ги чува топли зимно време.
Лесни се и меки, со целосно совитлив ѓон од антилоп кој го спречува лизгањето по подот и помага бебето да одржува баланс кога ги прави првите чекори.
Делот околу глуждот е еластичен за да лесно се обујат и што е важно, да останат на нога !
Ако порано се мислело дека детето штом ќе почне да се подига на нозе треба да има тврди и цврсти чевли кои ќе му даваат "потпора" на стапалото, сега се знае дека таквите чевли всушност го попречуваат природниот развој на мускулите на нозете. Поради тоа ортопедите денес препорачуваат чевлите да бидат "толку меки што може да ги стуткате во дланка" - овозможуваат малите стапала природно да зајакнат и се развијат и не го ограничуваат движењето.
За бебето е најдобро да биде босо кога почнува да се подига на нозе. Но често тоа е невозможно - студено е, подот се лизга, а чорапчињата постојано се вадат и "губат". Затоа овие меки кожни патичиња со кои детето добро ја чувствува подлогата по која гази се најдоброто нешто после босите стапала.
Чевличките се увезени од Англија и се потполно во согласност со British Standard BS EN 71-3:1995 (кожата е "baby safe", претходно тестирана во лабараторија дека не содржи хром и други штетни хемикалии што вообичаено се користат при штавење и боење на кожа).
Одржување: Чистете ги со влажна крпа или влажни марамчиња.
Како да ја одредите величината?
Раководете се од должината на стапалото, не по бројот !
Најдобро ќе измерите ако на лист хартија ги обележете само петата и палецот како крајни точки. Измерете ги и двете стапалца, бидејќи едното може да е поголемо!
На таа должина додадете 1 цм, а земете ги во предвид и чорапчињата ако се подебели.
На пример, ако сте измериле дека стапалото е 11 цм и додадете 1 цм за растење, одберете величина 6-12 месеци!
Добри чевлички се оние во кои што бебето е како босо и кои не го стегаат малото стапало кое расте. Детето треба добро да ја чувствува подлогата по која гази!