Со носење против грчевите - Bebe Sling


Со носење против грчевите

Кога ќе се вратите дома со своето бебе кое цело време спие, се уште изморено од доаѓањето на овој свет, не ви паѓа ни на крај памет дека тоа исто мило и слатко бебе, можеби веќе за некој ден ќе плаче со фреквенција која крши чаши и свиткува челични конструкции.

И додека се прашувате зошто плаче, кога е сито, наспано, чисто и се‘ по дома е  потполно прилагодено само на него, вашето бебе единствено ќе се смири кога ќе го земете во раце во прегратка.

Па затоа, бидејќи не можете да го гледате своето бебе како плаче и се мачи, а и заради мир дома, ќе се наносите повеќе отколку што сте го носеле сите 9 месеци бременост.

Јасно ви е што му е на бебето, сите мајки и баби со кои пробавте да ја споделите својата мака, ви  кажаа исто: "колики или грчеви" и уште рекоа: "ќе помине, издржи".

Во сите списанија за бебиња пишува за колики, паѓате во несвест кога во разговор со комшивката дознавате дека нејзините деца, а ги има три-четири, не пателе ни ден од колики, и дека спиеле баш "како бебиња". А на вас, освен што рацете ви паѓаат од замор и не можете да отидете ни во тоалет сами, секој ден ви станува потешко да го гледате своето бебенце како плаче.

Не му замерајте на бебето, не си замерувајте ни на себе, одиме полека да ја решиме оваа равенка со една непозната и да дојдеме до решение.

Значи, бебето плаче. Бебето плаче бидејќи го мачат грчеви. Што се тоа грчеви, воопшто?

Е па вака, во своето ново тело, бебето има голем број несозреани органи, кои, како и тоа самото, учат која е нивната функција. Она што нам ни е важно, како би ја решиле мистеријата со грчевите е пробавниот тракт, кој што како што сите знаеме, почнува од устата. Орган кој се наоѓа помеѓу усната шуплина и хранопроводникот, грлото,  припаѓа исто така и на респираторниот систем. Кога вашето бебе јаде, освен млеко внесува и воздух.

Воздухот се манифестира во облачиња и тркалца, па слично како во вода,  со влегување од желудникот во цревата, останува во ист облик.

Бидејќи телото на бебето, поради се уште неразвиената мускулна маса, повеќе е статично, неговите движења не можат да ги разбијат овие облачиња воздух, па така, доколку не помогнеме, тие стануваат многу непријатно,  дури и болно искуство за вашето малечко.

Значи, она што треба да направиме е да ги разбиеме облачињата, а облачињата ќе ги разбиеме ако телото се движи.

Добро, но како ќе го натераме бебето да се движи? Никако. Новороденчето ќе ве натера вас вие да го носите.

Кога телото на бебето е припиено цврсто на вашето, на вашите гради и се движите, се движи и бебето.

Повеќе не зборуваме за статичност на бебето, туку  ги уништуваме облачињата во поситни облачиња кои бебето потоа со леснотија ги исфрла надвор од организмот, се разбира низ газето :)

Бидејќи носењето на бебето и не е толку лесна работа, колку што е голема уживанцијата да се биде постојано во прегратка, најдовме решение и за тоа.

Слинг марамите ќе го привијат бебето до мајчиното тело, така што ќе функционираат како едно.

Движењето и познатото опкружување ќе го намалат стресот од грчевите, а ритмичките покрети ќе делуваат на пробавните органи на бебето како масажа.

Она што  подеднакво е важно, вашите раце ќе бидат слободни, тежината рамномерно распоредена по телото, така да скоро нема ни да чувствувате дека носите бебе, и слободни сте да работите се‘ што сакате, од правење ручек до прошетка низ град.

И не се плашете, нема да го разгалите своето бебе со носење, сте го носеле низ цела бременост, нека се навикнува постепено на силата на своето тело.

Bye, bye на грчевите, големо Hello на Pixiekid !

 

Превземено од :  PixieKid  (www.pixiekid.com)

 

8 Komentara za "Nosenjem protiv dojenackih grceva"

  1. Marina 26.08.2010.

Odličan tekst!

  1. Ivana 31.08.2010.

Ovaj tekst je prava istina. Da nije bilo našeg slingića nemam pojma kako bi preživjeli prve dane.
Moja Katja i ja još uvijek uživamo u nošenju iako su grčići daleko iza nas. Mogu reći- sling me SPASIO!

  1. Mihaela 01.09.2010.

E, to ja nisam mogla objasniti svima koji su me vidjeli da 24 sata nosam dijete po kvartu! Samo su odmahivali glavom i govorili:"Bolje da plače koji mjesec, nego da ga razmazim za uvijek!" Nisam to mogla shvatiti onda, a ne mogu ni sad. Majčinski dodir i nježnost ne mogu razmaziti dijete, već dopuštanje svega kad ne znaš što ćeš s nezadovoljnim djetetom.

  1. Ines 01.09.2010.

Sling + dojenje = nema kolika. Naša djevojčica nikad nije imala kolike. Znam još barem 5 takvih primjera - gdje je navedena formula dovela do istoga. Super rješenje. Hvala Ti Pixiekid, spasil nas vaš sling. :))) I MT u kasnijoj fazi. Popodnevno spavanje na tati, u šetnji, po jakoj hladnoći :)

  1. Ognjen 01.09.2010.

Super tekst! Živjele bebe i nosiljke!

  1. Iva 02.09.2010.

I mi se pridružujemo. Moja curka sad ima nešto više od 2 mjeseca i sling nas je spasio. Obožava biti u njemu. Čim primjetim da je nervozna i da je grčevi love, stavim je u sling, ona se smiri i najčešće zaspi-i problem rješen! Mama i beba uživaju u nošenju :) ♥

  1. Nives 02.09.2010.

nosili,nosili smo se u početku zbog grčeva i jedino je nosanje pomagalo..nikakvi sirupi ni kapi..samo nosiljka je pomagala..a kasnije smo se nosali jer je meni bilo lakše sve obaviti i svugdje ići..nosali smo se 8 mjeseci..:)))

  1. Marina 02.09.2010.

Sling je pomogao kod nemira od zubića, jedino je ondje uspjela zaspati:)

 

03/11/2010 15:50