За полесно родителство и повесело и посреќно детство ...

Сакаме да се носиме !

 

Добро за бебето, добро и за вас

Бебето сака да биде во ваша прегратка. Познатото опкружување како што е топлината на вашето тело, отчукувањето на срцето, дишењето, движењето, сето тоа му помага на бебето полесно да се прилагоди на новиот свет.

Марамите и меките носилки ви помагаат носењето да биде полесно и удобно и да имате слободни раце. Но најмногу му помага на вашето бебе да биде точно таму каде што сака да биде!

Привиено на вашето тело тоа се чувствува сигурно, заштитено и сакано

 

Кога бебето го носите ...

Тоа плаче помалку

подобро ја регулира телесната температура, дишењето, варењето

вашето движење му ги јакне мускулите и смирува грчевите подобро од било што друго

Спие помирно и подолго, а кога е будно е поспокојно и опуштено, што е добро за неговиот развој

Учи повеќе, бидејќи е во центар на сите случувања - гласови, звуци, движења, опкружување ... кога ќе се замори од сето тоа, едноставно ќе заспие на вашите гради (што има поубаво?)

 

Спротивно на врежаните мислења, носеното бебе се осамостојува порано и има поголема самодоверба и самоувереност, сигурност во себе!

 

Носете го во добра носилка која обезбедува целосна потпора на бебето и негова правилна положба, а вам удобно носење и за подолг период

Грбчето благо заоблено, ноџињата поставени во М положба (положба на жапче) - добро за правилен развој на колковите

Ќе бидете задоволни и вие и вашето бебе

Може да шетате, работите, пазарите, готвите, бидете на компјутер, играте со постарото дете

Всушност, заедно може да правите се'

Дискретно и лесно да го надоите своето бебе кај и да сте ... а самата близина и непосреден контакт овозможува и подобра лактација

Рацете ви се слободни, носењето не е заморно и се разбира, може да се движите секаде

 

Марами и носилки што може да ги најдете во Бебе Слинг
Удобни и практични, уште поважно овозможуваат правилна положба на бебето


Уживајте во носењето!

 

 

 

 

 

 

2017-12-20 22:33:28